Најмалку 670 лица беа евакуирани утрово откако избувна пожар на Педагошкиот факултет во градот Новосибирск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Според досегашните информации, нема пријавени жртви, а гаснењето на пожарот е во тек, пренесува Интерфакс.
Првичните извештаи укажуваат дека пожарот започнал во канцеларија на третиот кат и потоа се проширил кон покривот на трокатната зграда.
Министерството соопшти дека на терен се распоредени 85 пожарникари и се користи опрема за гаснење на пожари на голема височина
