Пожар меѓу селата Моштица и Саса

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 100

Меѓу селата Моштица и Саса попладнево избувна пожар на тешко пристапен терен во близина на македонско-бугарската граница. Пожарот е видлив и од Македонска Каменица.

– На лице место сме, пожарот е на граничната линија со Република Бугарија меѓу селата Саса и  Моштица. Во акцијата за гаснење учествуваме четири луѓе од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, двајца вработени од Шумското стопанство и двајца од Граничната полиција, информира Александар Јовановски, командира на ТППЕ Македонска Каменица.  


Екипите, како што вели, ќе останат на терен за да имаат целосен увид во состојбата.

– Во пожарот е зафатена сува трева, а среќна околност е што во близина има снег. Да се надеваме дека пожарот ќе се стабилизира, односно нема да се прошири, додава Јовановски. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни