Пожар кај Шибеник: Интервенираат 27 пожарникари, ангажирани и канадери

Голем пожар избувна вчера во близина на железничката пруга во местото Житниќ, во регионот на Шибеник, Хрватска. На терен се ангажирани 27 пожарникари со 11 противпожарни возила, како и два канадери и два „ер трактора“ (авиони за гасење пожари од воздух).

Според Полицијата на Шибенско-книнската жупанија, пријавата за пожарот била примена во 17:40 часот.

Како мерка на претпазливост, целосно е затворен железничкиот сообраќај, како и патниот правец Дрниш – Житниќ.

По гаснењето на пожарот, полицијата во соработка со противпожарен инспектор ќе изврши увид за да се утврдат причините за избувнувањето, како и висината на материјалната штета, стои во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни