Оганот зафатил трева, грмушки и дел од расфрланото ѓубре на теренот.
Екипите на Бригадата за противпожарна заштита излегле веднаш на терен. При интервенцијата, како што информира директорот на ЦУК, Мухамед Али, било потребно присуство на полицијата за да се обезбеди непречено гаснење.
„Пожарот е ставен под целосна контрола и се очекува набргу да биде целосно изгаснат,“ соопшти Али.