Пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“

Големи пламени јазици ја зафатија фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“.

Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“, напиша во комуникациските канали со медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони. На помош тргнаа пожарникари од Св. Николе, Струмица и Пробиштип“, информира Ангелов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни