По барање на градоначалникот на општина Струга, Менди Ќyра, и во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, преземени се активности за справување со пожарот на планината Јабланица, како што информираат од Центарот за управување со кризи.
Поради исклучително непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно била значително отежната, што довело до ангажирање на два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, кои обезбедуваат воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.
Во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби активно дејствуваат со копнени сили.
Надлежните институции се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата, нагласуваат од ЦУК.