На терен се распоредени 133 пожарникари со 44 возила. Пожарот сè уште е активен, се бранат објекти и се очекува интервенција од канадерите.
Поради огнената стихија, полицијата утрово соопшти дека од 06:15 часот е затворен сообраќајот на патот D8, на делницата од Мутограс до Омиш. Сообраќајот се пренасочува, а полициските службеници даваат логистичка поддршка на пожарникарите.
„Апелираме до возачите да ги следат упатствата и наредбите на полицијата. Утрово, околу 02:54 часот, над Сумпетар и Јесенице, поточно кај населеното место Старо Село, избувна пожар кој сè уште се гаси“, информираа од полицијата.
Саборската пратеничка Маријана Пуљак на Фејсбук објави фотографии од местото на настанот, предупредувајќи дека огнот од Сумпетар се шири кон Крилo Јесенице и нагоре кон Старо Село. „Држете се, луѓе“, напиша таа.
Според сведоци, ветерот е многу силен и го носи чадот кон островот Брач. Локалните жители велат дека канадерите досега не полетале поради ноќните услови и силниот ветер.