Повторно се закануваат разорни поплави во Јабланица, властите апелираат за итни мерки

Властите во Јабланица, мал град во северниот дел на Херцеговина, каде што во поплавите и одроните во октомври 2024 година загинаа 19 лица, испратија итен повик до надлежните служби да преземат мерки поради можни нови поплави, бидејќи се најавени обилни врнежи од дожд веќе од вечерва.

Според податоци од Федералниот хидрометеоролошки завод, на сила е портокаловото предупредување за 11-ти март, поради очекувани обилни врнежи кои ќе бидат најизразени во северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна, региони кои исто така беа силно погодени од поплавите во октомври.

Се очекуваат врнежи од 30 до 60 литри на квадратен метар, а на некои места дури и до 100 литри. Притоа, удари на југ можат да достигнат брзина од 80 километри на час.

Штабот за цивилна заштита нареди на сите надлежни служби да преземат неопходни мерки за евакуација на населението ако дојде до поплави, одрони и бујични наноси.

Локалното комунално претпријатие веднаш започна со чистење на одводи и шахти.

Сè уште се чека целосна обнова

Во октомври минатата година, во БиХ загинаа вкупно 27 лица во поплавите и одроните, а најтешко погодена беше Јабланица каде загинаа 19 лица.

Многу од семејните куќи и инфраструктурата во овој град сè уште не се целосно обновени. Голем број на жители сè уште живеат во привремени сместувања, а некои патишта и комунални системи се уште се оштетени, што дополнително ги зголемува ризиците пред новите дождови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни