Со одлука на Вишиот суд во Белград повторно е потврдена обвиненето на Посебното одделение за сузбивање корупција од Вишото јавно обвинителство во Белград подигната против менаџерот на Железница на Србија и два члена на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад.
Белградски електронски медиуми јавија, повикувајќи се на информација на Танјуг, дека вчера во постапка за повторно одлучување по наредба на Апелациски суд, судот донел првостепена одлука со која се потврдува тоа обвинение.
Во обвинението се товарат Слободанка К, раководител за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура на железница на Србија“ со седиште во Белград, претседателот на Комисијата за технички преглед Милутин С. и членката на таа Комисија Билјана К, а во врска со извршувањето на неколку кривични дела со коруптивен елемент, што резултираше со пад на настрешницата на железничката станица на 1 ноември лани како резултат на што загинаа 16 лица, а две беа тешко повредени“.
Обвинението е поднесено против нив бидејќи постои основано сомнение дека нивните пропусти придонеле и се во причинско-последична врска со таа трагедија.
Обвинението ја товари Слободанка К. за кривично дело злоупотреба на службена положба и кривично дело тешко прекршок против општата безбедност. Милутин С. и Билјана К. се товарат за кривично дело несовесно работење во службата и кривично дело тешко прекршок против општата безбедност.
Денеска се одбележува годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад, кога загинаа 16 луѓе.