Повторно нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Свети Наум

Сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Свети Наум е целосно нормализиран од 10:50 часот, откако беше расчистен одронот на делницата меѓу селото Трпејца и Свети Наум, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Поради одронот, сообраќајот на овој патен правец од утринските часови, почнувајќи од 6:30 часот, се одвиваше отежнато и по една коловозна лента, сè до целосното отстранување на наносот и обезбедување на безбедни услови за сообраќај.

Надлежните служби апелираат до возачите и понатаму да бидат внимателни, особено на делниците низ клисури и покрај езерото, каде постои зголемен ризик од одрони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни