Во Нови Сад повторно се случија насилни инциденти за време на протестот на студентите во блокада и таканаречените граѓански зборови, одржан пред зградата на Српското нардоно позириште, каде што се одржуваше свечена академија по повод 200 години од основањето на Матица Српска.
Додека во салата течеше свечената програма, надвор беа регистрирани физички напади врз студенти, граѓани и новинари. Дел од провладините медиуми случувањата ги опишаа како „помали инциденти“, иако според сведоштва и фотографии од теренот станува збор за сериозно насилство.
Повредени најмалку тројца студенти
Според информациите, најмалку тројца студенти биле потешко повредени. Меѓу нив и девојка која група мажи облечени во црни јакни со качулки ја туркале кон ѕид, по што таа паднала и ја удрила главата. Момче кое се обидело да ѝ помогне исто така било оттурнато од напаѓачите, но успеало да ја извлече од местото на инцидентот.
Очевидци тврдат дека полицијата била присутна и поставила кордон, но нападите се случувале пред нивни очи.
Обвинувања и политички пораки
Додека траела свеченоста, симпатизери на власта ги навредувале насобраните граѓани, нарекувајќи ги „екстремисти“ и „непријатели на државата“. Претседателот на SСНС, Милиош Вучевиќ, ги обвини студентите дека сакаат да ги протераат српските институции од Нови Сад.