Повторно еруптираше вулканот Килауеа на Хаваи

Килауеа e познат по својата активност, a според Геолошкиот завод на САД, вулканската активност траела околу пет часа

Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа на Хаваи, повторно еруптираше во неделата, исфрлајќи фонтани од лава и гас високо во воздухот. Ерупцијата, 36-та од декември минатата година, исфрли облаци од жешка лава што достигнаа висина и до 330 метри, објави „Еуроњуз“

Според Геолошкиот завод на САД, вулканската активност траела околу пет часа. Иако е во сила портокалова тревога, научниците потврдија дека ерупцијата не претставува закана за околните заедници.

Целата лава останува ограничена во кратерот на врвот на вулканот, кој се наоѓа во Националниот парк Хавајски вулкани.

Килауеа, познат по својата активност, еруптира во редовни интервали речиси преку целата година. Секој од овие настани ја следи истата, веќе позната подземна патека, што им нуди на експертите единствена можност да собираат податоци и да добијат подобар увид во долгорочното однесување на овој моќен вулкан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни