Во утринскиот сообраќаен метеж во центарот на Скопје, на пешачкиот премин пред „Дајмонд Мол“, девојка била прегазена од возило.
Засега нема официјални информации за нејзината здравствена состојба. Очевидци велат дека на местото на несреќата веднаш пристигнала брза помош и полицијата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.