Ова е второ затворање во текот на денот: преминот беше блокиран и претпладне, од 11 до околу 15 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Според АМСМ, блокадите се случуваат во различни интервали и веќе неколку дена сериозно го отежнуваат сообраќајот меѓу двете земји. Утрово преминот функционирал со ограничувања, но попладне повторно бил затворен за целосен влез и излез.
АМСМ информира и дека од 17 часот е нормализиран сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија), додека на ГП Дојран преминот работи непречено.
Што се однесува до состојбата на патиштата, од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива по суви коловози и без поголеми потешкотии, со умерен интензитет надвор од урбаните средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања.
Од Автомотосојузот апелираат возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои зголемена опасност од одрони.
„Ова посебно важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, предупредуваат од АМСМ.
