Реакција на Факултетот за земјоделски науки:

Повредена е наша студентка, одговорноста за овој обид за убиство не можат да ја сносат само непосредните извршители!

Досега бевме уверени дека мир, разговор и договор се можни, но реалноста, за жал, сè почесто нè демантира. Затоа ги повикуваме сите одговорни субјекти во Србија, кои со самото тоа што ја вршат власта се најодговорни за состојбата во општеството, да ја разберат сериозноста и тежината на ситуацијата, да бидат свесни за сите ризици и веднаш да ги исполнат сите легитимни барања на студентите, а во своите јавни настапи да осудат говор на омраза и сите форми на насилство


Факултетот за земјоделски науки на Универзитетот во Белград реагираше на инцидентот кога беше прегазена нивната студентка во Блок 70 и го осуди овој чин на насилство. Факултетот наведе дека студентката претрпела повреди на главата и била згрижена во Ургентниот центар.

„Со брза реакција на полицајци во цивил, девојката која управувала со автомобилот беше уапсена. Сите вработени на Факултетот за земјоделски науки на Универзитетот во Белград најостро и најодлучно го осудуваат овој безумен чин на насилство, кој ја стави нашата студентка во животна опасност“, се наведува во соопштението.

Ова е уште еден во низата на настани на кои Факултетот и Универзитетот во Белград предупредуваа, а кои, како што се наведува во соопштението, можеле да бидат избегнати доколку беа испочитувани нивните апели и надлежните органи навремено и целосно ќе ги исполнат легитимните барања на студентите и да го осудат говорот на омраза во јавниот простор, како и сите форми на насилство кон членовите на академската заедница.

„Затоа апелираме до сите релевантни субјекти да дејствуваат веднаш во правец на смирување на се понапрегнатата атмосфера во општеството, која неизбежно води кон трагедија. Студентите на нашиот Универзитет, раководството на Факултетот, вработените на Факултетите, како и Универзитетот во целина, веќе со недели се на удар на најниски и најбрутални медиумски кампањи, како и на се почестите системски закани. Резултат на сето тоа се сè почестите и сè побрутални напади на студентите додека мирно и достојно го изразуваат своето незадоволство од сегашната состојба во нашето општество, како и своето барање за правда која би важела за сите“, се додава во соопштението.

„Досега бевме уверени дека мир, разговор и договор се можни, но реалноста, за жал, сè почесто нè демантира. Затоа ги повикуваме сите одговорни субјекти во Србија, кои со самото тоа што ја вршат власта се најодговорни за состојбата во општеството, да ја разберат сериозноста и тежината на ситуацијата, да бидат свесни за сите ризици и веднаш да ги исполнат сите легитимни барања на студентите, а во своите јавни настапи да осудат говор на омраза и сите форми на насилство. Дополнително, ги повикуваме да со своите дејствија придонесат за итно смирување на тензиите во општеството за да се спречи понатамошно ширење на насилството и незамисливите последици кои можат да настанат. Од овие причини, силно нагласуваме дека одговорноста за овој обид за убиство не можат да ја носат само непосредните извршители“, се додава во соопштението.

Факултетот за земјоделски науки повика на морална, политичка и правна одговорност на сите кои јавно повикуваат на насилство и се служат со говор на омраза, предизвикувајќи нетрпеливост и конфликти меѓу граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни