Повреден, но незапирлив: Ѓоковиќ испиша историја во Шангај и влезе во четвртфинале

Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите во историјата на тенисот – и повреден, успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, победувајќи го Шпанецот Жуам Мунар со 2-1 во сетови (6:3, 5:7, 6:2) по речиси два и пол часа игра.
Фото: Carine06/Flickr

И покрај болката и повредата, Новак Ѓоковиќ повторно покажа зошто е синоним за непокорност во светскиот тенис. Во вистинска драма на теренот во Шангај, српскиот ас излезе како победник од мечот против борбениот Шпанец Жуам Мунар, обезбедувајќи си место меѓу најдобрите осум на престижниот Мастерс 1000 турнир.

Ѓоковиќ не само што победи – туку урна и рекорд! Со овој триумф, тој стана највозрасниот тенисер што некогаш играл четвртфинале на Мастерс 1000 турнир, престигнувајќи го легендарниот Рожер Федерер.

 Во меч полн со пресврти, Ѓоковиќ покажа ментална сила и спортска зрелост. Иако шпанскиот противник успеа да го освои вториот сет, „непокорниот Новак“ го подигна темпото и го заврши дуелот во своја корист, и тоа со повреда!

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со белгискиот тенисер Зизу Бергс, кој го елиминираше Габриел Диало со 2-1 во сетови.

Новиот предизвик е пред него, но историјата е веќе испишана. Ѓоковиќ оди по нова титула, и тоа во стил што само тој го поседува – со срце, искуство и шампионски дух.

Извор: Независен

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни