Повреден Папата Франциск

Ватикан објави дека при пад во резиденцијата тој ја повредил десната рака

Папата Франциск утринава при пад во резиденцијата на Света Марта ја повредил десната подлактица, но не ја скршил“, се наведува во соопштението од Ватикан

„Раката е имобилизирана како мерка на претпазливост“, се вели во соопштението.

И покрај падот, Папата Франциск денеска одржал неколку работни состаноци.

Инаку, Папата претрпе голем број здравствени проблеми во последните години и ова е втор пад за неколку недели. На почетокот на декември тој се појави со голема модринка на брадата откако падна и удри во маса покрај креветот. Од 2022 година Папата користи инвалидска количка поради проблеми со подвижноста предизвикани од болка во коленото.

Во својата неодамна објавена автобиографија „Надеж“, Франциск рече дека е во добра здравствена состојба и ја отфрли можноста да поднесе оставка од својата позиција, но рече дека „реалноста е, сосема едноставна, дека сум стар“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни