Повреда на коленото е причина што го знаеме Том Круз како актер

Том Круз е едно од најголемите имиња во Холивуд, но неговиот живот за малку не тргнал во поинаква насока.

Круз како дете се занимавал со борење и бил навистина добар. Неговиот поранешен тренер, Том Џарет изјавил дека борењето на Том Круз му давал некаков фокус и на тој начин се носел со агресијата која ја чувствувал тогаш. Во неговата биографија, „Tom Cruise: Anatomy of an Actor“ се истакнува дека тој требало да добие и спортска стипендија, бидејќи бил успешен во спортот.

Но, при еден тренинг тој го повредил коленото што му ги срушиле снишатата за спортска кариера.

Сепак, оваа повреда му ја отворила вратата за актерството. Додека се опоравувал, тој се пријавил на аудицијата на мјузиклот „Guys and Dolls“, со што започнува неговата актерска кариера.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни