Повлекувањето на водата ја покажа штетата од поплавите во Босна и Херцеговина

Откако Босна и Херцеговина вчера беше погодена од силен циклон, кој предизвика поплави, властите денес објавија ажурирани бројки за бројот на загинати и исчезнати лица.
Фото: X/@Salko_Bijedic

Бројката на починати лица во поплавите, согласно официјалните информации, е 17, од кои 13 се во регионот Јабланица, регион кој беше најтешко погоден од поплавите.

Сепак, се уште има уште десетици исчезнати лица, а спасувачите кај Коњиц се уште не може да се пробијат до десетина села.

Како што објави Н1, во селото Злате во регионот Јабланица починала и една трудница, откако врз неа паднало дрво.

Големи штети се забележани и во селата Глогошница и Шабанчиќи, но луѓето успеале да се спасат и во текот на ноќта нашле безбедно сместување.

Екипите на цивилната заштита, вооружените сили и другите служби се на терен од седум утринава и работат на пронаоѓање на исчезнатите и откопување на урнатините под кои се стравува дека има уште загинати.

Во текот на целата ноќ низ Босна и Херцеговина врнело дожд, кој престанал во раните утрински часови.

Во Јабланица се повлекла водата, па уште повидлива е големината на штетите. Службите направиле план за употреба на тешка механизација на подрачјето на Коњиц и Јабланица и од утрово се работи на расчистување и пронаоѓање на преживеани.

Над 80 трансформаторски станици не работат во оваа област.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни