Повикот за дводневен хакатон за филмски маркетинг во рамките на „Синедејс“

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во МКЦ, во периодот од 3 до 10 декември 2025, ќе се одржи по 24. пат.

Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со престижните европски маркетинг-агенции „Алфанда“ (Alphapanda) и „Лакитајм“ (Luckytime), го објави повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг којшто ќе се одржи од 4. до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите љубители на визуелни приказни кои сакаат да научат како се создава ефективна и препознатлива промотивна кампања.

Хакатонот е организиран со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на програмата е да го поддржи развојот и да го подобри квалитетот на европските филмски фестивали.  

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во МКЦ, во периодот од 3 до 10 декември 2025, ќе се одржи по 24. пат.

Во текот на првиот ден, на 5 декември, учесниците ќе работат во групи, развивајќи вистински стратегии за филмски маркетинг, под внимателно водство и насоки од меѓународни експерти. Работата ќе биде проследена со презентации и конструктивни коментари што ќе им помогнат на учесниците да размислуваат како професионалци во индустријата. Денот ќе заврши со проекција на филм од програмата на „Синедејс“, избран специјално од страна на експертите.

Потоа, вториот ден – 6 декември ќе биде посветен на продлабочување на знаењата: Како се оформува приказната за еден филм за да допре до вистинската публика, што ја прави една кампања незаборавна, и на кој начин се создава содржина што ќе се споделува, кликнува и памети? Под менторство на водечките европски агенции „Алфанда“ и „Лакитајм“, учесниците ќе работат на реални примери, ќе изведуваат практични вежби и ќе развиваат тимски стратегии. Денот ќе биде заокружен со презентации, анализа и детален фидбек. Секој ден од хакатонот ќе трае околу шест часа, со предвидени паузи и многу простор за креативност.

Пријавувањето е со пополнување на апликација којашто е достапна на профилите на фестивалот на социјалните мрежи. Крајниот рок за пријавување е 21 ноември 2025 година. Бројот на учесници е ограничен, а избраните кандидати ќе добијат известување по е-пошта најдоцна до 25 ноември.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни