Фестивалот СТРИП ТРИП 2025 го отвори повикот за волонтери.
“СТРИП ТРИП е одраз на посветеноста кон деветтата уметност на сите учесници. За ова искуство да биде навистина незаборавно, клучен е волонтерскиот тим – исто како лани, потребни ни се ХЕРОИ! Придружете ни се во завршните подготовки на фестивалот и имајте можност да придонесете кон заедницата, да се запознаете со претставнкците на стрип сцената, да се забавувате и да стекнете поинакво искуство. Претходно волонтерско искуство не е неопходно, но љубов кон стрипот дефинитивно е“, порачуваат организаторите.
За пријавување и повеќе инфо, на makstripovi.ngo@gmail.com