Повик за учество на академските уметници на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2024“

Се повикуваат академските ликовни уметници од Куманово, до 15 октомври 2024 година во Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово, да се пријават за учество на изложбата “ Кумановски ликовни уметници 2024“.

По повод 11 Ноември – Денот на ослободување на град Куманово, НУ Музеј-Куманово (Уметничката галерија) и оваа година традиционално ќе ги претстави кумановските ликовни уметници.

Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело (1), по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Со делото треба да бидат приложени податоци од авторот ( биографија ), насловот и димензиите. Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите.

Изложбата е дел од програмските активност на НУ Музеј – Куманово, финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Уметничката галерија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни