Повик за млади со идеи за социјално претприемништво: Аплицирајте за поддршка до 20 септември

Асоцијацијата за развој на нови опции – АРНО го отвори петтиот RISE повик за поддршка на млади социјални претприемачи, со можност да добијат 2.500 евра, обуки, менторство и регионално поврзување. Младите кои имаат иновативна идеја за социјален бизнис можат да аплицираат најдоцна до 20-ти септември.

На 13 септември, во 17 часот, ќе се одржи информативна сесија во КОТУР, каде локални социјални претприемачи ќе дискутираат за важноста на знаењето и среќата при градењето на бренд. Настанот ќе вклучува и прирачници за социјално претприемништво, како и инспиративни примери од претходни успешни учесници на RISE.

Преку програмата RISE на регионално ниво поддржани се повеќе од 500 млади и 175 идеи од Западен Балкан. Преку оваа програма млади луѓе од регионот основаа социјални бизниси кои преку изработка на облека и модни додатоци интегрираат жени-бегалки во Србија (Women on the way), овозможија планинарски тури за промоција на локален алтернативен туризам и поддршка на локалното население во Валона (Reality Escapers), основаа кетеринг служба во Неготино со работна интеграција на жени со помалку можности (Амброзија) и многу други успешни приказни.

RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group) и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).

Проектот RISE е поддржан од Француската агенција за развој, RYCO и Еразмус+ програмата на ЕУ, и се спроведува во соработка со шест локални инкубатори од Западен Балкан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни