Повик за медиумска, продукциска и менторска поддршка за организации и заедници кои се залагаат за демократски, европски, солидарни и зелени вредности

Програмата за поддршка е дел од проектот “Up-skill and stream for democratic sustainability” кој го реализира Фондација Друштво Д, со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан

Медиумските платформи Трн.мк и Рацин.мк, ги повикуваат сите заинтересирани формални и неформални организации, групи и заедници кои се залагаат за демократски, европски, солидарни и зелени општествени вредности во Северна Македонија и кои имаат потреба од поддршка за зајакнување на нивните комуникациски, медиумски и застапувачки капацитети, да се пријават на Програмата за медиумска, продукциска и менторска поддршка.

Програмата вклучува четири различни видови поддршки и тоа:

  • Медиумска поддршка за сите селектирани организации преку редовно објавување вести, стории, репортажи, интервјуа и други медиумски производи на онлајн медиумите Трн.мк и Рацин.мк
  • Продукциска поддршка (со фокус на видео продукција) за тековни или нови застапувачки иницијативи и кампањи за две селектирани организации/иницијативи
    Менторска поддршка (стратегиско консултирање) за јакнење на застапувачките капацитети за конкретни иницијативи/кампањи за две селектирани организации
  • Тематски тренинзи за сите селектирани организации за следниве специфични области: 1) Дигитално организирање, менаџирање волонтери, финансиска одржливост преку мобилизација на заедницата; 2) Застапување за промени, градење коалиции, водење јавни општествени кампањи; 3) Комуникациски вештини, развој на пораки, презентациски вештини, дигитални комуникации за промени; и 4) План за раст на ЕУ, можности и предизвици за Северна Македонија на европскиот пат, можности за регионална соработка, можности за финансирање од ЕУ;

Имајќи ги предвид ограничените ресурси преку кои ќе се обезбеди наведената поддршка, Трн.мк и Рацин.мк ќе извршат селекција на пријавените формални и неформални организации/групи/заедници согласно следниве критериуми:

  • Да дејствуваат во една или повеќе од следниве области: Интеграција на Северна Македонија во ЕУ, отчетност и добро управување, заштита на животна средина и зелени политики, заштита на права на помали и ранливи заедници со фокус на жени и млади
  • Да имаат тековни застапувачки иницијативи/кампањи (или конкретни идеи за нови иницијативи) за кои им е потребна менторска, продукциска и/или медиумска поддршка
  • Да имаат мали, но недоволни капацитети за продукција на медиумски содржини, за односи со јавност и за јавно застапување
  • Да утврдат лице за контакт со одговорните од Програмата за поддршка кое ќе биде достапно, респонзивно и кое ќе овозможи искористување на потенцијалите кои ги нуди поддршката

Сите заинтересирани организации/групи заедници може да се пријават на Повикот за медиумска, продукциска и менторска поддршка најдоцна до 20 јуни 2025 година (до 17 часот), преку испраќање е-пошта на info@fellowship-d.mk со следниве информации:

  • Наслов на пораката “За Програмата за медиумска, продукциска и менторска поддршка
  • Наведување во боди-то на пораката за која од четирите (погоре наведени) активности за поддршка сте заинтересирани
  • Наведување во боди-то на пораката лице за контакт (име и презиме, емаил, телефон и улога/позиција во организацијата)
  • Прикачување документ – Портфолио (опис на мисијата, целите, минатите активности, тековните кампањи и идеите за идни застапувачки иницијативи на организацијата)

Заради потребите на процесот на селекција, Трн.мк и Рацин.мк може да остварат дополнителни контакти со организациите апликанти, а изборот ќе биде завршен најдоцна до 30 јуни 2025 година, по што ќе се интензивираат активностите за медиумска, продукциска и менторска поддршка.

Програмата за поддршка е дел од проектот “Up-skill and stream for democratic sustainability” кој го реализира Фондација Друштво Д, со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни