Филозофскиот факултет во Скопје објави повик за учество на втората летна школа „Европско и балканско културно наследство“ што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Скопје. Школата ја организираат Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофскиот факултет во Белград. Учесниците на Летната школа се студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет во Скопје и Белград од сите студиски програми. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил адресата summerschool@fzf.ukim.edu.mk најдоцна до 20 мај. Повеќе информации на линкот.
Насловна фотографија: Филозофски факултет