Повик за апликација на Летниот универзитет за проверка на факти и извори во медиумите

Школата се одржува во Будва, Црна Гора од 17 до 20 октомври, во рамките на проектот Balkans Voices 2 имплементиран од Canal France International-CFI, француска јавна агенција која ги поддржува светските медиуми и придонесува во борбата за слобода на изразување

Француската агенција за медиумски развој CFImedias, објави конкурс за апликација на Летниот универзитет за проверка на факти и извори во медиумите, на кој можат да аплицираат сите млади новинари на возраст од 18 до 30 годидни од земјите од Западен Балкан. Kрајниот рок за пријавување е недела, 8 септември.

Школата се одржува во Будва, Црна Гора од 17 до 20 октомври, во рамките на проектот Balkans Voices 2 имплементиран од Canal France International-CFI, француска јавна агенција која ги поддржува светските медиуми и придонесува во борбата за слобода на изразување, со финансиска поддршка на француското Министерство за Европа и Надворешни работи.

Кој може да аплицира?


1. Млади новинари на возраст од 18-30 години од Западен Балкан (особено оние кои учествуваа како студенти на серијата мастер-класови во рамките на проектот Balkans Voice 1 2021-2022).
2. Студенти по новинарство со страст за медиумски студии и посветеност на подобрување на нивните новинарски вештини.
3. Млади луѓе со одредено искуство во новинарство или медиумска работа и желба да ги унапредат своите вештини за проверка на факти и проверка на изворите.

Кандидатите треба да имаат искуство во новинарство, комуникација, студии за медиуми или поврзана област. Предност ќе имаат кандидати со најмалку 1 година искуство во новинарство или работа поврзана со медиумите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни