Повик до сите креативци, уметници, иноватори и визионери да се претстават на Creative Expo 2024

Отоворен е повик до сите креативци, уметници, иноватори и визионери за претставување на нивното иновативно решение на Creative Expo 2024, кој ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година во Лабораториум, Скопје!

Creative Expo 2024 е дводневен настан што обединува креативци од сите гранки на креативните индустрии, овозможувајќи им платформа да ги претстават своите таленти, да се поврзат со други професионалци и да прослават иновацијата и уметноста.

Оваа година фокусот е на иновативни проекти кои носат нова перспектива во креативните индустрии. Ги повикуваме сите креативци кои работат на иновативни проекти да се пријават и споделат уникатни решенија, меѓу кои: имерсивни искуства, инсталации, иновативни технологии, интерактивни изложби и проекти кои ги дефинираат идните креативни трендови.

Преку учеството ќе имате можност: Да го претставите својот проект на изложбен простор пред публика која го цени креативниот израз, да бидете дел од уметнички перформанси и демонстрации во живо на иновативни технологии, да слушнете и учествувате во дискусии за најновите трендови и иновативни практики во уметноста, дизајнот, технологијата и многу повеќе, да ги претставите проектите на деца и млади кои се идната креативна сила, да ги претставите проектите пред меѓународни професионалци кои ќе присуствуваат во Скопје во овие два дена, да се поврзете со колеги, креативци и професионалци од различни гранки, да уживате во живи настапи и перформанси од локални и меѓународни таленти.

Пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe7wRgdqVdwNe…/viewform

Креативниот Совет на УМПАКИ ќе го направи финалниот избор на учесници, кои ќе бидат известени преку е-пошта.

Учеството е бесплатно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни