Повеќе од половина членови на лабуристите не сакаат Кир Стармер да ги води на следните избори

Анкета меѓу членовите на британската Лабуристичка партија покажува дека повеќе од половина не сакаат Кир Стармер да ги води на следните избори, изразувајќи незадоволство од неговото раководство и општата политика на владата.

Повеќе од половина членови на Лабуристичката партија не сакаат актуелниот британски премиер Кир Стармер да се кандидира како лидер на партијата на следните општи избори, покажуваат резултатите од анкета објавена од Sky News.

Според анкетата спроведена меѓу членови на Лабуристичката партија, 53% од испитаниците изјавиле дека сакаат нов лидер пред изборите, додека само 31% сакаат Стармер да остане на функцијата до тогаш.

Анкетата на порталот „Лабуристичка листа“, која поддржува, но не е зависна од партијата, била спроведена од 23 до 25 септември и опфатила 1.254 членови. Истата покажала дека членовите се незадоволни од општата политика на владата, при што 65% сметаат дека Стармер оди во погрешна насока, додека 26% го поддржуваат.

Повеќе од 60% од испитаниците оценија дека Стармер лошо управувал досега, додека 35% сметаат дека добро ја извршил својата работа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни