Повеќе од медитација и вежба: 5-минутна навика што го подобрува здравјето на срцето и мозокот

Во забрзаниот ритам на секојдневниот живот, многумина постојано бараат брзи и ефикасни начини за подобрување на своето здравје.

Во забрзаниот ритам на секојдневниот живот, многумина постојано бараат брзи и ефикасни начини за подобрување на своето здравје. Според последните истражувања, навиката која вклучува потпевнување, односно испуштање звуци со затворени уста која трае само пет минути и која може значително да влијае на здравјето на срцето и мозокот.

Иако традиционалните методи како медитацијата и физичката активност се добро познати по своите придобивки, оваа кратка дневна практика нуди дополнителни ефекти за регулирање на крвниот притисок, намалување на стресот и подобрување на когнитивните функции.

Студијата ги истакнува и психолошките ефекти од оваа навика, бидејќи редовното извршување на едноставна, но посветена активност, може да помогне во подобрување на концентрацијата, меморијата и вкупната емоционална благосостојба.

Експертите советуваат дека клучот лежи во конзистентноста – само пет минути дневно, но редовно, се доволни за да се видат позитивните резултати врз здравјето на срцето и мозокот.

Извор: Times of India

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни