Повеќе од 80% од луѓето со мускуло- скелетна болка би користеле производи со THC или CBD

,,Ортопедските хирурзи треба да бидат свесни за зголемената популарност на производите базирани на CBD и THC”, сметаат познавачите

Од 182 пациенти третирани на клиника за ортопедска спортска медицина, повеќе од 80% биле подготвени да примат производи коишто содржат THC (Тетрахидроканабинол) или CBD (Канабидиол) за ублажување на болката. Повеќе од 60% од пациентите биле запознаени со употребата на THC и CBD за болка.

Според резултатите на последното истражување, меѓу пациентите прегледани на клиниката, за ублажување на мускулно-скелетни болки, 81,3% биле подготвени да примат производи базирани на THC, а 90,1% да примат производи базирани на CBD.

„Ортопедските хирурзи треба да бидат свесни за зголемената популарност на производите базирани на CBD и THC кои се користат за мускулно-скелетни болки кај нивните пациенти“, смета Вилијам Ј. Каракаш, од Семејниот центар за спортска медицина при Универзитетот во Јужна Калифорнија.

„Давателите на услуги треба да продолжат да се едуцираат себеси и нивните пациенти за соодветна употреба на терапии за болка ориентирани кон канабис“, додава тој.

Каракаш и неговите колеги објавија доброволна анкета со 11 прашања спроведена на 182 пациенти, со просечна возраст од 47,3 години кои беа прегледани во нивната клиника. Анкетата докажала дека пациентите се запознаени со производите коишто содржат THC и CBD, како и подложноста на пациентот да прима THC и CBD производи за лекување на мускулно-скелетна болка. Тие откриле дека 61% од испитаниците биле запознаени или донекаде запознаени со производите на THC. Според анкетата 63,2% од испитаниците биле запознаени или донекаде запознаени со CBD производите во врска со употребата на овие производи за мускулно-скелетни болки. Дополнително, 53,3% од испитаниците изјавиле дека пријателите и семејството користат CBD производи за справување со мускулно-скелетната болка.

Каракаш и неговите колеги забележале дека 85,3% од испитаниците рекле дека THC и CBD производите може да бидат алтернатива за употребата на опиоиди и 96,7% од испитаниците рекле дека осигурувањето треба да ги покрие THC или CBD производите за медицинска употреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни