Повеќе од 100 луѓе се евакуирани при пожар во една од највисоките згради во Буенос Ариес

Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од зграда со 54 ката во Буенос Аирес откако изби голем пожар.

Пожарот избувнал на 11-от кат од кулата Реноар 2, која е една од највисоките згради во главниот град на Аргентина и се наоѓа во областа Пуерто Мадеро.

Досега околу 50 лица добиле лекарска помош на самото место поради вдишување чад, а само едно лице морало да биде хоспитализирано

Пожарникарите вршат увид и сè уште не се знае дали има луѓе на катовите над пожарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни