Во 2023 година, VW продал 8,5 милиони порции каривурст во своите кантари, киосци и супермаркети – дури 200.000 повеќе од претходната година! Во исто време, продажбата на VW автомобили се намалила на 5,2 милиони.
Иако целокупниот конгломерат, вклучувајќи ги Škoda, SEAT, Audi, Porsche и Lamborghini, продал 9 милиони возила, бројките покажуваат загрижувачки тренд – профитот на VW се намалил за 30%.
Автомобилскиот гигант веќе најави драстични мерки: до 2030 година ќе отпушти 35.000 работници во Германија – нешто што никогаш досега не се случило.
Но, ако нешто не се менува, тоа е љубовта на Германците кон VW каривурстот. Дури и кога го повлекоа од една кантина, избувна јавен револт, а поранешниот канцелар Герхард Шредер изјави: „Каривурстот е работничка чоколадa за енергија!“.
VW го произведува својот култен каривурст уште од 1973 година, а тој дури има и официјален сериски број: 199 398 500 A, исто како и секој автомобилски дел.