Повеќе од половина самовработени во ЕУ продолжуваат да работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во 2023 година продолжиле да работат и по примањето на првата пензија, соопшти Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека процентот на пензионери кои се самовработени и кои продолжиле да работат или повторно се активирале на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).

Од друга страна, најнизок удел имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).

Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ биле вработени со скратено работно време.

Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни