Повеќе од 30 отсто граѓаните на ЕУ загрижени за цените на храната и сметките

Речиси 74 отсто од испитаниците рекле дека амбалажата на производите е намалена, а 52 отсто веруваат дека производите се со послаб квалитет, но без промена во цената

Околу 38 отсто од граѓаните на Европската унија се загрижени дека нема да можат да ги платат сметките, додека 35 отсто стравуваат дека нема да можат да си ја дозволат омилена храна, покажало истражувањето кое го објави Европската комисија по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите.

Извештајот исто така навел дека 74 отсто од испитаниците рекле дека амбалажата на производите е намалена, а 52 отсто веруваат дека производите се со послаб квалитет, но без промена во цената, пренесува Ефе.


Кога станува збор за онлајн купување, граѓаните на ЕУ имаат 60 отсто поголеми шанси да се соочат со проблеми отколку ако ги купиле истите производи во продавници, покажало истражувањето. На пример, 26 отсто од луѓето рекле дека се соочиле со проблеми при онлајн купување и сметале дека имаат легитимни причини за жалба, во споредба со 16 отсто потрошувачи во продавниците.

Истовремено, истражувањето наведува дека продолжува трендот на онлајн купување и дека сега 76 отсто од сите купувања се вршат преку интернет.

Покрај тоа, 93 отсто од онлајн купувачите изразиле загриженост за персонализираната реклама, 71 отсто стравуваат од собирање на нивните податоци без согласност, 63 отсто се противат на неможноста да се откаже персонализацијата, а 67 отсто изразиле загриженост за прекумерната реклама.

Практично 45 отсто од потрошувачите пријавиле дека биле измамени преку интернет, додека многу потрошувачи се соочуваат со нечесни практики, вклучувајќи лажни рецензии (66 отсто) и измамни попусти (61 отсто). Сепак, мнозинството потрошувачи (68 отсто) веруваат во безбедноста на производите што ги купуваат, а мал број (помалку од 10 отсто) пријавиле безбедносни проблеми.

При купувањето неисправен производ, 40 отсто од испитаниците го замениле со нов, додека 35 отсто од потрошувачите одлучиле за поправка, а девет отсто за купување друг производ од продавница за половни производи.

Истражувањето исто така покажало дека 43 отсто од граѓаните на ЕУ донесуваат одлуки за производите врз основа на влијанието на животната средина, пренесува Танјуг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни