Повеќе од 25 милиони луѓе во готовност поради невреме и поплави на североистокот на САД

Властите на североистокот на САД издадоа предупредување за силно невреме и поплави, при што повеќе од 25 милиони жители се наоѓаат во состојба на готовност – од источна Пенсилванија до јужен Мејн.

Во зоната на ризик се наоѓаат Филаделфија, Њујорк, Алентаун (Пенсилванија), Пукипси (Њујорк), Хартфорд (Конектикат), Манчестер (Њу Хемпшир) и Портланд (Мејн).

Метеоролозите најавуваат силни грмотевици и ветрови, а не се исклучува ниту појава на град или торнадо, пренесува ABC News.

Очекуваните поројни дождови може да предизвикаат локализирани поплави, особено во урбани средини со слаба дренажа. Ризикот за поплави од Филаделфија до Бриџпорт (Конектикат) е подигнат на ниво 2. Иако Бостон не е директно загрозен од бујични поплави, таму сепак се очекуваат силни бури.

Според прогнозите, врнежите ќе продолжат и во првиот дел од утрешниот ден, додека студениот фронт се движи низ регионот, а престајување на дождот се очекува во попладневните часови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни