Париската полиција ќе ангажира сили околу стадионот „Парк на принцовите“, како и на најчестите места за собирање на навивачи во градот, блиските предградија, железничките станици и клучните линии на јавниот превоз што водат до стадионот.
„Никакви инциденти нема да бидат толерирани,“ предупредуваат од полицијата, која најави зајакнати безбедносни мерки не само околу стадионот, туку и на Елисејските полиња, каде што се очекува собирање на навивачите на ПСЖ доколку клубот избори пласман во финалето.
Овие мерки се дел и од поширокиот безбедносен ангажман поврзан со одбележувањето на 8 Мај – Денот на победата над фашизмот, кој се слави како крај на Втората светска војна во Европа.
Во првиот полуфинален натпревар, одигран во Лондон, ПСЖ славеше со 1-0 против Арсенал. Утрешниот натпревар се игра на полн „Парк на принцовите“, а се очекуваат големи гужви и засилено полициско присуство.