Повеќе од 100 пациенти дневно: Децата со сериозна кашлица ги преполнуваат ординациите

Скопје руши рекорди, но не по добро. Скопје е водечко по загаденост и болни, што го прави секојдневието на граѓаните вистински кошмар. Во густата атмосфера, полна со честички, вируси, бактерии и полен, се создава идеална средина за масовни здравствени проблеми, кои понатаму може да имаат и далекусежни последици.

„Воздухот е густ, се лепат вируси и бактерии, а доцните цветачи додаваат полен кој дополнително ги влошува алергиите. Чекалните се преполни, а јас волкав број пациенти не сум имала во кариерата – по 80 до 100 дневно, со најмалку 15 со длабоки кашлици. Ова е страшно, ужасно,“ вели д-р Драгана Емел Марковска, специјалист педијатар.

Деновиве, ординациите се преплавени со родители кои чекаат преглед за своите деца. Проблемот не завршува тука – загадувањето влијае и на економијата, бидејќи родителите се принудени да отсуствуваат од работа, што ги блокира компаниите и создава синџир од последици.

Загадениот воздух е причина за аларм кај експертите, кои предупредуваат на долгорочните ефекти врз здравјето. Ако ваквото темпо продолжи, можеме да очекуваме уште посериозни нарушувања кои ќе ја засегнат целата заедница.

Дали Скопје ќе успее да најде решение пред да биде предоцна?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни