Повеќе од 100 летови откажани во Германија поради снег и лед

Откажани се 120 полетувања и слетувања од околу 1.090 планирани за денес во Франкфурт, најголемиот германски аеродром на западот на земјата.

Германските аеродроми денес откажаа повеќе од 100 летови поради снежни врнежи и леден дожд. Откажани се 120 полетувања и слетувања од околу 1.090 планирани за денес во Франкфурт, најголемиот германски аеродром на западот на земјата.

„Пистите за слетување и поаѓање мора да бидат исчистени, “, соопштија аеродромските служби.

Слаба видливост на небото исто така го оневозможува воздушниот сообраќај.

Во Минхен, во саботата вечерта, поради предострожност се откажани 35 летови од вкупно 750 планирани полетувања и слетувања на вториот најголем германски аеродром.

Германската метеоролошка служба предупреди на ледена дожд денеска, по снежните врнежи преку ноќта, и советуваше на граѓаните да избегнуваат непотребни патувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни