Повеќе од 1.100 лица уапсени во протестите во Турција, студентите и граѓани испраќаат порака дека не се исплашени

Од Европската унија пак, стандардно наведуваат дека треба да се почитуваат демократските вредности
epaselect epa11976565 Turkish riot police confront protesters as they march to Taksim Square from the Istanbul Municipality headquarters following the Istanbul Municipality's arrest of Imamoglu in Istanbul, Turkey, 20 March 2025. Turkish authorities detained Istanbul mayor Ekrem Imamoglu, of the oppositional Republican People's Party (CHP), along with 100 others on 19 March as part of an investigation into alleged corruption and terror links, according to a statement by the Istanbul chief public prosecutor. EPA-EFE/ERDEM SAHIN


Повеќе од 1.100 лица се уапсени во Турција за време на протестите поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имаоглу, кој е обвинет за корупција. Очигледно, велат познавачите, исто го чека и градоначалникот на Анкара, кој исто така е опозиција на Реџеп Таип Ердоган.

Протестите во Турција траат веќе пет дена.


Властите го обвинуваат сега веќе поранешниот градоначалник за формирање криминална организација, примање мито, изнуди, манипулација со тендери, поради што и е суспендиран од функцијата градоначалник.

Студентите и граѓаните излегоа на улиците и испраќаат порака дека не се исплашени, дека нема да бидат утишани и дека нема да бидат послушни. Сметаат дека причината зошто Имаоглу е во притвор е тоа што би бил противкандидат на Ердоган на изборите во 2028 година.

„Поддршката за Имаоглу ќе расте. Тој оди кон место претседател. Го ставија човекот во затвор иако ништо не направил. Но ако историјата се повторува, се сеќаваме дека и Ердоган беше три месеци во затвор“, велат граѓаните.

„Ќе продолжиме со протестите. Ние само ги користиме нашите демократски права. Викање и кршење не се решение, и затоа овие протести не се такви“, велат.

На турските државни медиуми, кои повеќето се под контрола на Ердоган, нема ниту збор за протестите, или се пишува само за бројот на повредените полицајци. Турските власти наведуваат дека е прекршено правото на протест и додаваат дека тероризирањето на улиците нема да биде дозволено.

Од Европската унија пак, стандардно наведуваат дека треба да се почитуваат демократските вредности. Ердоган е на власт веќе 22 години, како премиер и како претседател. Но, очигледно навреме започнал да размислува за елиминирање на конкурентите пред изборите, кои се само за три години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни