Во брифингот на Европскиот парламент за законодавството за еутаназија во ЕУ се наведува дека неколку членки ја водат промената на законите на ова поле и секоја од нив има изработено решенија за да се избегнат злоупотреби.
Се истакнува дека ниту законите на ЕУ, ниту Европската конвенција за човекови права, не содржат одредби кои ја спречуваат членките на ЕУ да донесат закони за еутаназија.
Како одговор на прашањето на евродепутатите, Европската комисија јасно стави до знаење дека ЕУ не е надлежна да се бави со ова прашање.
Во четири членки на ЕУ – Белгија, Шпанија, Луксембург и Холандија, на сила се закони кои дозволуваат лекарите да спроведат еутаназија.
Германија, Италија и Австрија дозволуваат само асистирано самоубиство.
Во брифингот се наведува дека Холандија и Белгија, првите членки на ЕУ кои дозволиле еутаназија, во текот на годините забележале се поголем број на луѓе кои поднеле барање за еутаназија, но студиите не покажуваат дека законот довел до некои злоупотреби.
Извор: N1info.rs