Во операцијата, која траеше од 23 јуни до 6 јули, со координација на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, а преку Меѓународната иницијатива за спроведување на законот за климата (I2LEC), зададен е голем удар на транснационалните мрежи за еколошки криминал.

Во координираната акција учествувале над 1.500 полицајци од Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу. Властите спровеле над 350 координирани рации насочени кон илегално рударство, трговија со диви животни, сеча на шуми и шверц на гориво во некои од најоддалечените и еколошки најчувствителни региони на Амазон.
На осомничените им биле запленети повеќе од 310 тони сурови минерали, 3.000 кубни метри дрва, околу 40.000 балони шверцувано гориво, како и повеќе камиони и булдожери.
Властите пронајдоа и повеќе од 2.100 живи и 6.350 угинати животни, како доказ за илегална трговија со ретки видови.
Властите во Колумбија соопштија дека разбиле три криминални групи, а други официјални лица ја нарекоа операцијата една од најсинхронизираните во заштитата на животната средина во тој регион.