Повеќе од 10.000 хотели од повеќе од 25 европски земји покренаа заедничка тужба против Booking.com, тврдејќи дека биле принудени да се придржуваат до таканаречените клаузули за „најдобра цена“ што им забранувале да нудат соби по пониски цени насекаде освен на платформата Booking.com, дури и на нивните сопствени страници.
Хотелскиот сектор ја темели својата тужба на пресудата на Европскиот суд на правдата од 19 септември 2024 година, во која се утврдува дека споменатите клаузули не се ниту неопходни ниту пропорционални и можат да ја ограничат конкуренцијата, особено меѓу помалите понудувачи.
Тие веруваат дека во периодот од 2004 до 2024 година им е нанесена значителна штета поради ограничувањето на ценовната конкуренција и високите провизии што морале да ги платат на платформата, кои во просек изнесувале околу 12 проценти по резервација, а во некои случаи и повеќе.
Booking.com одговара дека не е запознаенa со деталите од тужбата, но наведува дека пресудата на која се повикуваат хотелиерите не е применлива, бидејќи се однесува само на германски случаи од периодот 2006-2016 година.
Со оглед на тоа што седиштето на Booking.com се наоѓа во Амстердам, случајот ќе се разгледа пред холандскиот суд.