Потврдено: Лука Модриќ е нов играч на Милан

Тој усно потврди дека ќе се пресели во редовите на Милан, а на новиот клуб ќе му се приклучи по Светското клупско првенство

Шпекулациите што се пласираа од завршувањето на сезоната 2024/2025, сега добија и потврда, Лука Модриќ стана нов играч на Милан.

Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид одлучи усно да потврди дека ќе се пресели во редовите на Милан, а на новиот клуб ќе му се приклучи по Светското клупско првенство.

Ова ќе биде ново поглавје во славната кариера на хрватскиот капитен, кој имаше повеќе од успешна кариера со “Кралевите” со кои освои пет титули во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига, а го подигна трофејот и два пати на Копа дел Реј, четири пати на Суперкупот во Шпанија и четири пати на Суперкупот на УЕФА.

Трансферот го потврди и Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски новинар специјализиран за трансфери, а деталите од договорот сè уште не се познати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни