Потврдени случаи на лепроза во Хрватска и Романија

Првите случаи на лепроза се потврдени во Хрватска и Романија, соопштија здравствените власти.

Пациент со симптоми на болеста им се јавил на сплитските епидемиолози пред околу десет дена, додека во Романија, во градот Клуж-Напока, слична дијагноза е потврдена кај вработена во спа-центар.

Од Министерството за здравство на Хрватска појаснија дека станува збор за странски работник од Непал, кој веќе две години живее во земјата заедно со своето семејство. Пациентот е на лекување, а неговите блиски контакти превентивно добиле терапија и, засега, не се заразени.

Во Романија, поради потврдениот случај, затворен е луксузен спа-центар во Клуж-Напока. Пациентката е млада Азијатка која работела како масерка и се наоѓа на терапија според насоките на Светската здравствена организација. Уште три вработени во истиот салон, исто така млади Азијатки, во моментов се испитуваат како сомнителни случаи.

Симптомите на лепроза, болест позната уште од библиските времиња, вклучуваат промени на кожата и оштетување на периферните нерви. Болеста најчесто се пренесува по пат на капки.

Извор:Rts.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни