Потврдена причината за смртта на актерката од серијата „Чувари на плажата“

Актерката Памела Бач-Хаселхоф почина на почетокот на месецов, а веднаш беше објавено дека сопругата на Дејвид Хаселхоф си го одзела животот. Иако не оставила проштално писмо, сега официјално е потврдено дека станува збор за самоубиство – актерката пукала во себе со револвер.

Памела беше во брак со Дејвид Хаселхоф од 1989 до 2006 година, со кого има две ќерки, Тејлор и Хејли. Нивниот развод беше бурен, а судскиот спор за алиментацијата траеше сè до 2017 година.

Филмската кариера ја започна во 1983 година со улога во филмот „Rumble Fish“. Во серијата „Чувари на плажата“, каде што Хаселхоф го толкуваше ликот на Мич Бјукенон, Памела ја играше сопственичката на кафе-барот, Кеј Морган.


КАКО ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ

Ако чувствувате дека ви е потребна поддршка, првиот чекор е да се обратите кај вашиот матичен лекар, кој може да ве упати кај стручњак за ментално здравје. Доколку не можете да го направите тоа, постојат центри и организации кои нудат советување, дијагноза и терапија за депресија. Не сте сами – секогаш постои некој што сака да помогне.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни