Потресно проштавање: Сопругата на Феликс Баумгартнер со емотивна исповед по неговата смрт

Австрискиот екстремен спортист Феликс Баумгартнер (56), познат по историскиот скок од стратосферата во 2012 година, трагично го загуби животот во четвртокот за време на лет со параглајдер во Италија.

Според првичните извештаи, Баумгартнер доживеал срцев удар додека бил во воздухот, по што паднал во базен на хотел во местото Порто Сант’Елпидио.

Неколку дена по трагедијата, неговата долгогодишна партнерка, Михаела Радулеску Шварценберг, се огласи со длабоко емотивна порака на социјалните мрежи:

„За светот, тој беше Легенда што инспирираше многумина. За пријателите и семејството – најсаканиот, најпозитивниот и најрадосниот човек. За мене – човекот што ме сакаше лудо 13 години и ми ги подари најубавите моменти во животот. И ова е кажано премногу скромно.“

Таа откри дека била со него во последните моменти:

„Умре правејќи го она што најмногу го сакаше – летајќи – на среќно место каде што бевме третпат. Додека го држев за рака и му велев да се бори. Првпат загуби битка… Изгубена сум без него. И сите ние, што имавме среќа да го познаваме, сме изгубени.“

Михаела им се заблагодари на сите што им пружиле поддршка на неа, на родителите на Феликс и на пријателите во овие тешки моменти. Посебна благодарност упати до Red Bull и Flying Bulls, како и до сите што помогнале веднаш по несреќата.

Феликс Баумгартнер ќе остане запаметен како симбол на храброста и авантуристичкиот дух – човек што ги поместуваше границите на можното, особено со неговиот легендарен скок од 39 километри височина од хелиумски балон во стратосферата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни