Во волшебниот свет на театарот за деца и младинци, секој е добредојден. Се создаваат моменти на чиста магија, каде малите и големите срца можат заедно да уживаат во приказните кои се развиваат пред нив. Сепак, за да го задржиме тоа магично искуство, потребно е културата на однесување да биде на високо ниво.
Возрасните имаат клучна улога во креирањето на оваа атмосфера. Кога ги носат своите мали деца, мајките, бабите, татковците и дедовците, важно е да бидат внимателни кон останатите. Зборувањето гласно, објаснувањето на сцените и приказните, треба да се прави исклучително тивко и ретко, без гласно зорување, за да можат другите непречено да ја следат приказната.
За да се избегне ова објаснување и зборување за време на претставата, од особено значење е пред да ги одведете вашите деца на театарска или балетска претстава, разговарајте со нив за тоа што ќе гледаат. Прераскажете ја приказната кратко, за да ги вовлечете и подготвите за искуството на сцената. Ако ја знаат содржината, ќе можат подобро да ја доживеат магијата која ќе се одвива на сцената

Означувањето на возрасните групи за секоја претстава е донесено со цел да се обезбеди прикладно искуство за секое дете. Меѓутоа, важно е да се забележи дека овие ознаки не се само индикација за содржината, туку и упатство за родителите. Носењето на премали деца на претставите може да биде дестабилизирачко и непријатно за сите присутни.
Бон тонот подразбира и почитување на означените седишта на билетите, без разместување и замена. Ова помага во создавањето на уреден и удобен простор за секој поединец.
Заштитата на овие основни правила заедно со подигнување на свеста и образование за културно однесување во театарот за деца и младинци е од суштинско значење. Само со заеднички напори можеме да го претвориме театарот во место на уживање за секој, каде магијата останува жива и интензивна.