Џеј Ди Венс е последниот светски функционер кој се сретна со покојниот папа Франциск. Средбата се одржа на Велигден кратко пред пладне и траеше кратко време.
Потпретседателот на Америка се огласи на социјалните мрежи по тешката вест.
„Тукушто дознав дека папата Франциск починал. Моето срце е со милионите христијани низ целиот свет кои го сакаа. Ми беше мило што го видов вчера, иако очигледно беше многу болен. Секогаш ќе го паметам по проповедта подолу што ја одржа во раните денови на Ковид. Беше навистина убаво. Нека Бог упокои му ја душата“, напиша Венс.