Потпретседателот на САД: Војната во Украина нема да заврши наскоро

„Сега кога секоја страна ги знае условите за мир на другата страна, на Русите и Украинците им останува да постигнат договор и да го запрат овој брутален, брутален конфликт“, изјави Ванс.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, во четвртокот за Fox News изјави дека војната во Украина нема да заврши „наскоро“, додека американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека Русија и Украина сега се „поблиску, но сѐ уште далеку“ од мировен договор.

„Сега кога секоја страна ги знае условите за мир на другата страна, на Русите и Украинците е да постигнат договор и да го запрат овој брутален, брутален конфликт“, рече Ванс во интервју за емисијата „Special Report with Bret Baier“ на Fox News.

Американскиот државен секретар Марко Рубио исто така во четвртокот за истата телевизија изјави дека „наскоро треба да се постигне вистински напредок во врска со војната во Украина или американскиот претседател Доналд Трамп ќе мора да одлучи колку време уште ќе ѝ посвети на оваа тема“.

„Мислам дека знаеме каде е Украина и знаеме каде е Русија токму сега… Поблиску се, но сѐ уште далеку“, изјави Рубио во емисијата „Hannity“ на Fox News.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни