Директорот на Театaр Комедија, Дарко Спасов и претседателот на Македонското еколошко друштво проф. д-р Славчо Христовски денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Во претстојниот период, тие најавуваат изложба и предавање, како и изработка на мурал на балканскиот рис, на објектот на Театарот.
„Се радуваме на претстојната соработка, преку која ќе се обидеме да ја подигнеме јавната свест за темите кои нѐ обединуваат. Ќе започнеме со изложба и предавање „Македонските автохтони видови водоземци и влекачи“, а понатаму следува и изработка на мурал на балканскиот рис на објектот на театарот. Рисот претставува заштитен вид и е нашата гордост, за која носиме одговорност да ја зачуваме“, се наведува во заедничкото соопштение.